Прашања?   моб. 071 315 039   milekostov@t.mk

МИСИЈА

Во потрага по љубовта

Скопје, Градски Парк
Поручникот Санчез полека го возеше армискиот џип со ознаки на КФОР движејќи се кон градскиот парк во Скопје. Пушти долги светла да има подобра прегледност на патот. Беше напнат. Гласот на девојката што го повика беше пријатен и му остави впечаток на сериозност. Му нудеше шанса да напредува во кариерата и да се приближи до Вашингтон. Му беше здодеало на Балканот, заборавен, без можност за промоција. Девојко, подобро да го имаш тоа што го кажуваш, си рече и погледна кон пиштолот кој го имаше оставено на совозачкото седиште. Една минута до полноќ, погледна на часовникот. Само што помисли да посегне по мобилниот телефон… заѕвони

прочитај повеќе »»

МИСИЈА 2

Во потрага по тајната

„Не се плашам! Не се плашам! Не се плашам!“, повторуваше додека ја приближуваше инјекцијата кон подлактницата. Го допре врвот на иглата до набрекнатата вена. Забрзано дишеше. Му беше страв. Не само што немаше смелост да ја забоде иглата во вената, туку се плашеше и од содржината во шприцот. Посакуваше да може да ја консумира течноста орално, но во тој случај одбранбениот систем на неговото тело веднаш ќе почне да дејствува и ензимите во плунката ќе го неутрализираат дејството на растворот уште пред да дојде во допир со крвта. Целта беше влијанието да дојде до централниот нервен систем, онаму каде што требаше да се постигне промената.

прочитај повеќе »»

За авторот:

Миле Костов е претприемач, писател, пчелар и тренер на системот за остварување цели – Quick Goals.

Истражувајќи за романите од серијалот Мисија, влегува во низа авантуристички потфати: стапува во контакт со тајни организации и трага по окултни текстови, запознава мистици и спиритуални учители. Дел од овие доживувања се пренесени во неговите романи.

Она што го промовира во книгите го употребува и во животот: компанијата ММ Интернејшнл чиј косопственик е, постигнува успеси на меѓународните пазари.

Моментално работи на книгата ДЕМИСТИФИЦИРАНА МАГИЈА или Како да ги оствариш твоите ЦЕЛИ СЕКОГАШ!

Ти знаеш. Проектирај го твоето знаење во иднината и знаењето ќе управува со своето исполнување. И универзумот ќе се организира околу твојата намера, зашто намерата има волшебна сила…

silhouette