Прашања?   моб. 071 315 039   milekostov@t.mk

УСЛУГИ

  1. Преведувачки услуги од англиски на македонски јазик
  2. Copywriting – содржини за Вашето продажно писмо, реклама, веб страна или друга форма на комуникација со цел постигнување на продажба, обезбедување средства или промоција.

Свесни сте дека бизнис картичка, каталог и оглас повеќе не се доволни за успешен маркетинг на Вашиот бизнис.

Сакате да им објасните на другите зошто Вашата понуда е посебна, но едноставно зборовите не Ви доаѓаат. Затрупани сте со работа и безброј почнати проекти, па немате време да посветите внимание на вашите продажни писма, содржини на страната и други форми на комуникација.

Знаете дека кога производ или услуга задоволува потреба, купувачот ќе го одбере оној што ќе ја задоволи потребата по најниска цена. Чувството на сакам е посилно од потребата. Вашите пораки до купувачите треба да го будат чувството на сакам, за да се издвоите од конкуренцијата.

Тоа ќе Ви овозможи поголема продажба, поголема заработка.